Во животот не не водат баш секогаш логиката и рационалното размислување, многу пати ќе ни помогне за одлуките интуицијата, тоа силно чувство во нас што ни порачува што е добро, а што не!
Тој внатрешен глас или чувство во стомакот сите го имаме, само треба да станеме свесни за него. А вашата интуиција е во полн погон, ако ги имате „симптомите“ што следат…
Ги чувствуваш туѓите вибрации
Кога и да запознаеш некој нов, од таа личност чувствуваш вибрации, негативни или позитивни. Ако од некој добиеш позитивна вибрација, можеби „без причина“ ќе се чувствуваш убаво во неговото друштво. Доколку пак, добиеш негативна вибрација, можеби ќе почувствуваш дека на личноста не и се допаѓаш или дека можеби те лаже и има нешто против тебе.
Чувствителна личност си
Тоа значи дека имаш способност веднаш да ги забележиш и почувствуваш туѓите емоции. Во состојба си брзо да сфатиш како се чувствуваат луѓето. Сензибилните и емотивните личности ја чувствуваат енергијата на луѓето околу нив.
Добиваш некои знаци
Кога интуицијата се обидува да комуницира со тебе, можеби во своето опкружување ќе видиш неочекувани знаци или пораки што таа ти ги испраќа. Сеедно дали си на работа, во ресторан, теретана… Интуицијата се обидува да ти каже нешто.
Имаш живописни соништа
Често имаш необични, живописни, богати соништа на кои јасно се сеќаваш после будењето. Понекогаш може и да ти се чини како некоја работа, ситуација, случка што си ја сонувал дека станала реалност и тоа прави да се чувствуваш чудно…
Се чувствуваш поврзано со природата
Додека сме во затворена просторија, на работа или дома, има многу нешта кои можат да ни го одвлечат вниманието, како врева, гласови, звуци и да го потопат гласот на интуицијата.
Ако си интуитивна личност, кога те опкружува природа ќе се чувствуваш многу креативно, слободно, инспиративно, ентузијастично, па внатрешниот глас ќе станува се посилен, бидејќи нема да биде попречуван од гужвата и стресот.