Сутерен.мк

Колку чини, ако децата трчаат низ ресторан?

Ресторанот „Токоа риверсајд“ во Северна Џорџија, САД, стана вирален откако Редит објави фотографија од менито во која се вели дека ресторанот дополнително наплаќа за лошо родителство.

На фотографијата се прикажани голем број дополнителни трошоци кои би можеле да се очекуваат за гостите, вклучително и 20 отсто бакшиш за групи од повеќе од шест лица, за оние кои бараат одвоени сметки или за оние кои нарачуваат од специјалното роденденско мени на ресторанот.

Наведено е и дека на гостите кои не платиле во готово ќе им се наплаќа 3,5 отсто од нивните сметки, а се плаќа и за „возрасните луѓе кои не се во состојба да се однесуваат како родители“. Ресторанот предупредува дека возрасните гости може да се соочат со дополнителни трошоци – означени само како „$$$“ – ако нивните деца се однесуваат лошо.

Сопственикот на ресторанот Тим Рихтер рекол дека родителскиот додаток е воведен во текот на пандемијата на ковид-19. Тој, исто така, додал дека никогаш никому не му ја наплатил таа такса до пред неколку недели, кога група луѓе со девет деца вечерале во ресторанот.

Надоместокот, за кој рецензиите на Гугл велат дека изнесувал 50 долари, е пријавен неколкупати во последните две недели, при што има неколку рецензии во кои гости се жалат на однесувањето на сопственикот и на плаќањето на надоместокот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *