Филмот „House of Gucci“, кој не води (релативно уверливо) зад кулисите на шокантната приказна за семејното модно царство е впечатлив во повеќе аспекти, а еден од најимпресивните е сценографијата!
Меѓутоа, не станува збор за само филмски декор, туку за реален простор – вилата Балбијано, на италијанското езеро Комо, каде што е снимен голем дел од филмот,
Луксузната градба на Гучи, поседува барокни фрески, преубави градини, базен, приватно пристаниште, куќичка за чамци, шест луксузни апартмани, мермерни купатила, кристални лустери, кадифен тапацир извезен со вистински скапоцени камења…
Вилата е достапна и за изнајмување, а едно ноќевање во овој луксузен амбиент чини околу илјада евра.