Колку чини ноќевање во „единствениот хотел со седум ѕвездички“?

Дубаи е синоним за луксуз, а градот е познат по хотелите кои го претставуваат врвот на светскиот гламур. Меѓу најпознатите и најскапите хотели се издвојува „Бурџ Ал Араб“, кој често е етикетиран како „единствениот хотел со седум ѕвездички во светот“.

Цената на ноќевање во „стандардниот апартман“ на овој луксузен хотел започнува од 1.500 евра, додека најскапиот „Ројал апартман“ може да достигне и до 25.000 евра по ноќ.
Гостите можат да уживаат во луксузни батлери, превоз со Ролс-Ројс до и од аеродромот, позлатени славини, како и приватни лифтови, што го прави престојот навистина незаборавен.

Друга ексклузивна дестинација во Дубаи е “Atlantis the royal”, отворен во 2023 година. Светски ѕвезди како Бијонсе настапија на отворањето, а цената на ноќевање во пентхаус апартманите се движи помеѓу 7.000 и 15.000 евра.

За оние кои сакаат да уживаат во апсолутен луксуз, постојат и приватни вили на вештачките острови на Палмата, каде што цената на ноќевање може да надмине 30.000 евра!

Кога ќе се стемни, Дубаи станува центар на светскиот џет-сет. Времето поминато таму се мери со ексклузивност и високи цени. Најпознатите ноќни клубови, како што е “WHITE Dubai”, нудат ВИП маси чие минимално трошење започнува од 1.500 евра, додека масите во првиот ред можат да достигнат 5.000 евра за една ноќ.

“Billionaire Mansion” – место кое го посетуваат фудбалери, модели и милијардери. Минималната потрошувачка за ВИП делот започнува од 2.000 евра, додека шише Дом Перињон оди до 1.000 евра.

“CE LA VI Dubai” – гламурозен ресторан и клуб на врвот од хотелот „Address Cky View“, резервација за маса со панорамски поглед започнува од 800 евра и нагоре, со задолжително купување флаширани пијалоци.

Дубаи е рај за гурмани со длабоки џебови.

“Nusr – Et Steakhouse” (познат по сопственикот Салт Бае) – златен стек чини околу 1.200 евра. Вечера за двајца со вино, околу 2.000 евра.

Pierchic – ексклузивен ресторан на вода. Дегустациско мени со вина: околу 600-800 евра по лице.

At.mosphere (во Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот) – само резервацијата на маса може да ве чини 200-500 евра, а вечерата со поглед на облаците ќе ве чини 700 – 1.200 евра по лице.

Дубаи нуди забава како никаде на друго место во светот – само ако имате пари.

Скијање во Дубаи – затворена скијачка патека во средината на пустината. Цена на ВИП скијачкиот пакет: околу 500 евра по лице на ден.

Изнајмување Ламборџини или Ферари – околу 800-1.500 евра за ден.

Лет со хеликоптер над Палма и Бурџ Калифа – околу 600-1.200 евра по лице.

Приватен остров (Светски острови) – изнајмување ексклузивна вила или остров за еден ден: од 5.000 евра и нагоре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *