Сутерен.мк

Колку чини отпорот?

Американскиот претседател Џо Бајден денеска вети 800 милиони долари воена помош за Украина, вклучувајќи „десетици хаубици, муниција, беспилотни летала и тешка артилерија“.

Зеленски одговори на објавата на Бајден со благодарност на Твитер:

„Благодарен сум му на американскиот претседател и на американскиот народ за нивното лидерство во поддршката на народот на Украина во борбата против руската агресија. Оваа помош ни е потребна денес повеќе од кога било! Таа ги спасува животите на нашите бранители на демократијата и слободата и не носи поблиску до враќање на мирот во Украина“.

Володомир Зеленски нагласи дека на Украина и се потребни  седум милијарди долари месечно од ММФ и Светска банка за да ја издржи агресијата од Русија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *