Кому му е гајле за реалноста?

„Кому му е гајле за реалноста?“ Со ова прашање како мото, започна 16-тото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што и оваа година ја претвори Старата скопска чаршија во центар на документарната уметност и критичката мисла.

Во време кога реалноста сè потешко се разликува од фикцијата, а вистината се менува побрзо отколку што можеме да ја сфатиме, МакеДокс поставува прашања, буди свест и нуди простори за размислување.

„Живеејќи во свет што катадневно се менува, свет во кој информациите отсекаде извираат и незапирливо течат, станува сè потешко да разликуваме што е вистина, а што не. Така се будиме во реалност што не е лесно ниту да се прифати и во неа да се живее, ниту да се фати со камера“.

Фестивалот се одржува од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *