Сутерен.мк

Конкурентни сме во најтешката група во историјата

Македонија ги посакуваше и го освои трите бода на гостувањето кај Малта и тоа со погодоците на Елиф Елмас и Јован Манев.
По доброто и борбено издание против актуелниот европски првак Италија, сакавме да дојдеме до славје во Малта, мисија која ја оставривме и со тоа останавме во трка за Европското првенство кое наредната година се игра во Германија.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од тоа што го прикажавме, но и што сме конкуренти во групата која според него е најтешката во нашата историја.

-Честитки за моите фудбалери за одиграното, но и за Малта кој е добро организиран тим. Го контролиравме натпреварот, имавме и уште неколку шанси за гол, со ваков пристап можеме многу и во иднина. Се стремиме да се доближиме до големите, пред неколку дена одигравме исцрпувачки натпревар против Италија, играчите вложија вонсериски напори и им честитам за тоа. Малта е сериозна репрезентација.

-Задоволни сме од оваа позиција во која сме, се уште сме конкурентни, иако играме во убедливо најсилна група во нашата историја. Верувам дека градиме конкурентна репрезентација која со години ќе биде наш адут. Имаме нова енергија, нов лик на Македонија и горд сум на момците -порача Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *