Анемичните треба да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се добар извор на магнезиум.
Урмите содржат и калиум, кој е корисен за ублажување на дијарејата. Освен тоа, овој плод помага во побрзо обновување на цревната флора, а со редовната консумација ќе им олесните на цревата да создаваат добри бактерии.
Консумирањето урми еден месец пред породувањето може да ги олесни породилните болки кај мајките и да го намали крварењето.
Поради високиот процент на хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат слабеењето. Ако јадете урми на празен стомак, тие ќе ја регулираат работата на цревата и ќе му го обезбедат потребниот шеќер на организмот.
Урмите имаат способност да го намалат и нивото на лошиот холестерол во телото.