Во Кина пронајден е Ковид – 19 во сладоледот на компанијата „Дакиаодао фуд“ од градот Тјенцин, по што таа е затворена, а сите вработени се тестирани.
Серијата сладоледи е повлечена од продажба, а податоци за заразени од него се уште нема. Сладоледот е направен од млеко во прав од Нов Зеланд и сурутка во прав од Украина.
Како што пишува агенцијата Бета, Кинеската влада претпоставува дека вирусот е увезен преку состојките иако експертите се сомневаат во тоа.