Имам една колешка што страшно ме нервира со тие високи штикли, куси сукњи и длабоки деколтеа. Одвратна е! Фала богу фати коронава, па сега ретко ја гледам!
С.Т.
С.Т. дарлинг мажите ќе направат се за да дојдат до секс, но обично не прават ништо. Бидејќи, на „изволте“ им стана се. Знам дека мислите дека токму ваквите „колешки“ ни ја спуштаат цената, но верувајте дека и до грло да е запетлана, ако решила да ја „спушти“, ќе ја спушти! Или крене. До личноста е, не до гардеробата. А инаку, да, нервираат. Исто како и маж во тесни пантолони, кошула…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)