Сутерен.мк

Која е златната крвна група?

До сега се потврдени само 43 случаи во целиот свет дека ја поседувале, а моментно на нашата планета има само девет живи луѓе кои можат да ја донираат оваа крвна група, која заради нејзината реткост, се нарекува златна!

Станува збор за крвната група Rh null,  која од мноштвото вариации нема ниеден од 50 антигени од Резус системот.

Инаку, четирите основни видови крвни групи А, Б, АБ и 0, се претвораат во осум, ако го земеме во предвид присуството или отсуството на Rh факторот. Rh факторот може да биде позитивен или негативен, а го одредуваат белковините на површината на еритроцитите кои се специфични за секоја крвна група.

Повеќето луѓе на светот се Rh позитивни, а се проценува дека само 15 проценти од популацијата е Rh негативна.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *