Училиште од предградие на Сиднеј победи во конкуренција на облакодери, музеи и аеродромски терминали и ја понесе титулата најдобра нова зграда во светот за 2024. Државното училиште „Дарлингтон“ во предградието Чипендејл, отворено минатата есен, беше меѓу 220 номинирани објекти од кои што се избираше добитникот на престижната годишна награда на Светскиот архитектонски фестивал, што се одржа во Сингапур.
Проектот содржи аголна зграда од тули на кампусот со карактеристичен покрив и уредени надворешни простори, како големо кошаркарско игралиште и заедничка градина. Нежно закривените метални панели опкружуваат низа тераси на отворено, дозволувајќи да поминува дневната светлина, додека ја штити приватноста на учениците.
Новиот објект, дизајниран од локално архитектонски студио, го замени училиштето од 1970-ите, кое веќе не ги задоволуваше современите потреби.