Сутерен.мк

Која е најдобрата супа на светот?

Вори – Вори е парагвајска супа со месо (обично говедско или пилешко), меки кнедли кои се состојат од пченкарно брашно и сирење, како и многу зеленчук – моркови, целер и кромид и е најдобрата на светот.

Супата традиционално се зачинува со ловорови листови, каранфилче и магдонос, а шафранот ѝ дава богата златна боја и посебен вкус.

Вори – Вори е особено популарна во текот на студените зимски месеци, иако понекогаш се јаде и во лето.

Оваа супа секогаш се служи топла, посипана со магдонос и рендан пармезан.

Супата е многу богата со хранливи материи, а има многу варијанти, како онаа со додавање парчиња пилешко на скара, пренесува „Тејст атлас“.

На второ место се најде супата равон од Индонезија, додека третото го зазема сото бетави, исто така од Индонезија, говедска супа составена од парчиња месо и изнутрици кои полека се динстаат во чорба од кокосово млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *