Сутерен.мк

Која е непризнатата ќерка на Џек Николсон?

Дваесет и седумгодишната актерка Теса Гурин со години тврди дека нејзин татко е всушност актерот Џек Николсон, но дека никогаш не сакал да ја признае.

Таа, наводно, е родена во врската помеѓу Николсон и агентката за недвижнини Џенин Гурин во 1994 година. Актерот раскинал со Џенин кога дознал дека е бремена.
Николсон никогаш не сакал да зборува за сето ова јавно, а Теса еднаш на Инстаграм открила како се чувствува.

„Не постои нешто такво како вонбрачно дете, постои само вонбрачен родител“, напишала оваа девојка.

„Теса многу личи на Џек Николсон и има многу документирани докази дека тој е нејзиниот татко“, рече Денис Мекдугал, кој напиша биографија за Николсон во 2008 година.

Актерот има пет деца од различни жени и љубовници, а Теса му е единственото кое не го признал никогаш. Инаку, самиот Николсон е вонбрачно дете и дури на 37 години дознал дека „сестра му“ е негова биолошка мајка и тоа му го соопштил новинар, кој го истражувал неговото минато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *