Џони Деп е во врска со Џоел Рич, адвокатката која го застапуваше во Британија на судењето за клевета против таблоидот „Сан“
Џоел Рич моментно е во процес на развод и не е познато кога точно почнала врската со Деп.
Деп дискретно се сретнувал со адвокатката по хотели, а таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судењето против Амбер Херд, иако тогаш немала никаква професионала обврска за тоа.
Деп за време на судењето со Амбер го поврзуваа со друга адвокатка, Камила Васкез, која брзо ги демантирала гласините.
Џоел Рич е Англичанка, има 37 години и е еден од партнерите на адвокатската канцеларија Шилингс, чии клиенти се и принцот Хари и Меган Маркл.
Студирала право на Универзитетот во Бирмингем и е специјализирана за „медиуми, забава, интелектуална сопственост и комерцијални и приватни набавки“.
Џоел е мајка на две деца и е во фаза на развод од нејзиниот сопруг. Не е јасно кога врската со Џони Деп се претворила во нешто повеќе од онаа помеѓу клиентот и адвокат. Но, според некои извори на кои се повикуваат американските медиуми, разделбата со сопругот се случила само два месеца по средбата со актерот.