Во времето на Студената војна, неутралната Швајцарија многу сериозно ја сфатила заканата од нуклеарен напад. Во 1963 година, земјата се обврзала да обезбеди бункери за секој граѓанин да може да се засолни во случај на нуклеарен напад!
Тоа право е запишано дури и во уставот на земјата. Во пракса, кога се градат нови куќи и станови без бункер, сопствениците ѝ плаќаат на општината за да им чува место во засолништето.
Швајцарија е единствената земја во светот која има доволно бункери за заштита од нуклеарен напад за да го смести целото население, доколку некогаш е потребно.