Сутерен.мк

Која особина жените ги прави фатални?

Рускиот психолог Михаил Лабковски во своите предавања истакнува дека самопочитта е темел на човековото постоење.
Од тоа зависат многу фактори, како што се успехот во кариерата, среќата во љубовта и квалитетот на самиот живот.

Психологот спомнува дека е заблуда дека само успешните луѓе имаат многу самодоверба, всушност обратно е, самодовербата и правилното самопочитување е патот до успехот.

„Самопочитувањето надополнува сѐ, доколку нема посебна убавина, образование и талент, но човекот бескрајно се сака себеси и не се сомнева во својата единственост и шарм, сигурно ќе биде посреќен и попаметен, но и поубав и побогат. Високото ниво на самодоверба победува сѐ“, вели психологот.

„Драги девојки, често се прашувате зошто самодовербата е поважна од убавината и како влијае на односите со спротивниот пол. Ви велам, жена со самодоверба многу се сака. На мажите им е допадлива затоа што не е фокусирана на своите недостатоци. Таа е добро. Комуникацијата со неа е лесна. Таквата жена остава впечаток дека може и знае сѐ. Смирени гестови, самоуверен говор…

Доколку навистина сте сигурни во себе, можете да ги импресионирате другите само поради тоа како се однесувате кон нив. Друго, доколку навистина сте сигурни во себе, присуството или отсуството на маж во близина на ниту еден начин не може да влијае на вашиот живот.
Доколку сте сами, во ред е – животот не престанува. Често сомнежот во себе кај жените се изразува во фактите дека многу сакаат да бидат со некого. Трето, самоуверената жена привлекува исти, самоуверени и моќни мажи. Мажите со ниско ниво на самодоверба, несигурност и комплекси не ѝ се интересни.”

Љубовта, кариерата и многу други аспекти во животот се прекрасни, но најважно е како се чувствуваме.

Бидете подготвени да се потрудите да го промените вашиот внатрешен свет и да се сакате себеси. Штом ќе успеете во тоа, сѐ останато ќе добие свој совршен облик и смисла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *