Сутерен.мк

Која секси сцена и е омилена на Анџелина Џоли?

Актерката одбрала сцена во трилерот „Колектор на коски“ со Дензел Вашингтон во која нема физички контакт и открила дека „тој детал ѝ бил највозбудлив“.

Холивудската ѕвезда во тој филм ја играше полицајката Амелија Донаги, додека Вашингтон го портретираше инвалидниот форензичар Линколн Рајм, парализиран од претходна повреда. Анџелина Џоли изјави дека „уживала во заведувањето на ликот на Вашингтон и потпирајќи се на нејзиниот ум, а не на нејзината убавина“.

“Она што е фасцинантно се патувањата што ги прават нашите ликови и длабоката врска која постепено се развива меѓу нив. Најдобриот секс што некогаш сум го имала беше во овој филм. Беше одлично да заведам некого со мојот ум, тоа ме вклучи”, изјавила актерката.

Потсетуваме, Бред Пит претходно откри дека омилен момент на страст на екранот му бил во сапунската опера Далас. “Морав да се тркалам во сеното во шталата. Мислам дека немав сценарио. Само се тркалав и се тркалав”, изјавил актерот, кој се појави во четири епизоди на Далас како Ренди, момчето на Чарли Вејд, која ја играше Шалејн Мекол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *