Сутерен.мк

Кој витамин го намалува ризикот од деменција?

Знаеме дека витаминот Д игра клучна улога за расположението и ублажувањето на симптомите на депресија. Научниците одлучија да ја истражат оваа очигледна поврзаност на витаминот Д со нервниот систем – со посебен фокус на тоа како витаминот Д влијае на когнитивната функција.

Во студија објавена од „Alzheimer’s & Dementia“, научниците од Универзитетот Раш и Универзитетот Тафтс биле првите кои ги споредиле факторите на когнитивното опаѓање со концентрацијата на витамин Д, не само во крвта, туку и во мозокот.

Една студија покажа дека витаминот Д во мозокот всушност го поддржува когнитивното здравје. Оние кои имале поголема концентрација на витамин Д во мозокот имале подобра меморија и побрзо ја перципирале својата околина.

Исто така, учесниците со поголема концентрација имале од 25 до 33 проценти помали шанси да развијат деменција или благо когнитивно оштетување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *