Кој град има најлош сообраќај?

Во Лондон просечната брзина на возење изнесува само 16,5 километри на час. Тоа значи дека возачите речиси постојано се во колони и губат драгоцено време.

Според најновиот извештај на компанијата „Томтом“, која се занимава со анализа на сообраќај и навигациски технологии, патување долго околу 10 километри во Лондон во просек трае 35 минути, што повторно ја става метрополата на врвот на листата со градови со најлош сообраќај во светот.

Годишниот индекс на „Томтом“ ги опфаќа податоците од 501 град во 62 земји, а анализата се базира на информации собрани од корисници на сателитска навигација.

При рангирањето на градови со повеќе од 8 милиони жители, била земена предвид просечната брзина на движење, степенот на задушеност, растојанието што може да се помине за 15 минути, како и времето изгубено при најголемиот метеж во сообраќајот.

Резултатите покажуваат дека ситуацијата во Лондон се влошила во споредба со претходната година, па просечното траење на патувањето се зголемило за 45 секунди, што на годишно ниво значи дека возачите губат 136 часа заглавени во метеж.

Особено проблематичен ден бил 10 септември 2025 година, кога поради голем штрајк на лондонското метро, огромен број граѓани се одлучиле за патување со автомобил. До попладневните часови нивото на задушеност скокнало за 135 отсто.

Енди Мерчант, експерт за сообраќај од „Том-том“, истакнува дека ваквите резултати не се изненадување.

– Голем дел од улиците во Лондон потекнуваат уште од средниот век и подоцна само делумно биле приспособени. Тие едноставно не се проектирани за денешниот обем и разновидност на сообраќајот – објаснува тој.

Сепак, тој смета дека постои простор за подобрување. Најавените тестирања на автономни возила во 20 лондонски општини можат да им помогнат на градските власти да пронајдат поефикасни модели за управување со сообраќајот.

Градови со најбавен сообраќај во светот

Лондон (Велика Британија) – 16,5 км/ч
Бангалор (Индија) – 16,6 км/ч
Мексико Сити (Мексико) – 17,4 км/ч
Хајдерабад (Индија) – 18,4 км/ч
Богота (Колумбија) – 18,9 км/ч
Њујорк (САД) – 19 км/ч
Буенос Аирес (Аргентина) – 19 км/ч
Ченај (Индија) – 19,2 км/ч
Париз (Франција) – 20 км/ч
Ахмедабад (Индија) – 20,7 км/ч

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *