Сутерен.мк

Кој е Иван Проведел?

Голманот на Лацио е сензација на првата вечер во новата сезона на Лига на шампиони. Тој постигна гол буквално во последни секунди од мечот со Атлетико Мадрид за 1:1 и му донесе важен бод на својот тим

Иван е роден во центарот на италијанската провинција Порденоне – четврти град по големина во регионот Фриули. Мајка му Елена е Русинка а татко му Пјер Паоло Проведел е од Италија. Во Русија доаѓал секое лето со мајка му кога бил мал, на гости кај баба му во Подмосковје.

„Мајка ми е Русинка, она е родена во Москва, а татко ми е Италијанец. Го познам рускиот јазик, го разбирам, но покомотно ми е да зборувам на англиски зошто просто почесто го користам.

Но на руски си зборувам со некои во семејството, на пример во детството си зборував со баба ми која живееше со нас во Порденоне и не зборуваше италијански. Потоа таа замина во Москва а јас заиграв за Удинезе.“

Интересно, дедо му на Иван бил близок пријател со легендарниот руски голман Лав Јашин кој бил најдобар голман на светот во еден период.

„Дедо ми се дружел со Јашин. Не знам за нивниот однос но за мене тоа беше уште една причина да верувам во својот сон да станам врвен голман. Таквите луѓе инспирираат. Би сакал да дознам повеќе за нивната дружба, ќе ја прашам мајка ми“, раскажал Проведел во едно големо интервју за руски Чемпионат.

Иван Проведел се вљубил во голманска позиција на шест години кога го гледал Франческо Толдо во полуфиналето на Евро 2000 против Холандија. Тогаш Толдо ја однесе Италија во големото финале.

Дваесет и девет годишниот Проведел ја почнал кариерата во академијата на Удинезе па птоа преминал во Киево. Му следеле неколку позајмици во втора и трета лига па бранел за Пиза, Перуџа, Модена, Про Верчели, Емполи, Јуве Стабија.

Се стабилизирал во Специја каде одлично бранел две сезони пред во 2022-ра да дојде во Лацио.

„Искрено секогаш сум сакал да станам голман, а кога во детството ме ставаа во нападот викав: „Или ќе бранам или не играм“. Имаше луѓе кои велеа дека е веќе доцна, дека нема да успеам. Нема да ги именувам, сами си знаат. Мене повеќе ми се допаѓа да бранам. Да се дава голови е исто многу добро но чувствувам поголемо задоволство кога ќе направам добра одбрана“, раскажува рускиот Италијанец Проведел.

Тој ја обожува Русија. Вели дека се труди да оди во оваа земја почесто а синот го крстиле Александар.
Иван не заиграл уште за репрезентацијата на Италија иако веќе добива повици од селекторот Лучано Спалети.

„Цело детство го поминав во Италија, а во Москва доаѓав на поголема возраст. Да ја посетам баба ми. Уште со љубов и милост се сеќавам како ме учеше руски јазик. А ми спремаше и храна од руската кујна. Памтам дека јадев гулаш но главен фаворит ми беа блинчики (палачинки). Нив ги правеше во вторник но јас бев спремен да ги јадам секој ден за доручек и ужина.“

„И покрај тоа што сум роден и израснат во Италија, се чувствувам половина Италијанец, половина Русин. Мајка ми и баба ми се Русинки а со нив имам мошне близок однос. Чувствувам дека дел од мене и припаѓа на Русија“, вели Проведел.
Иван раскажал дека сонувал да биде голман, но тренерите упорно го гледале како напаѓач.

„Не знам ни зошто, а не бев толку лош. До 15 години играв во напад но сфаќав дека не ме прави среќен. Тогаш пробав да бранам во младинската екипа и успеав. После ме примети Удинезе и таму станав професионален голман“.

Интересно ова е втор голмански гол во кариерата на Иван Проведел: претходно дал во февруари 2020-та исто со глава и исто во 95-та минута како синоќа кога го шокираше Атлетико Мадрид на Диего Симеоне. Во Серија Б дал гол за Јуве Стабија.

„Тогаш можеби ми помогнаа моите напаѓачки квалитети. Тоа беше неверојатно (голот против Јуве Стабија). На мојот тим му требаше гол зошто губевме до 95-та минута. Решив да тргнам на другата половина и да помогнам во шеснаесетникот. Ми се погоди да дадам гол! Колку беше лудо! Би било сјајно ако би можел да го повторам тоа уште еднаш“, рекол Проведел.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *