Во 1804 година, англискиот хемичар Смитсон Тенант, при растворање на платина во епрувета со царска вода (смеса од концентрирана азотна и хлороводородна киселина во однос 1:3), му останал талог. Талогот бил осмиум, нерастоплив метал.
Името го добил по мирисот, кој е сличен на оној на репката, а „осме“ на грчки значи мирис.
Осмиумот е светло син метал и и пришаѓа на групата платинести метали. Поради високата цена, но и тешката манипулација со него, во техничка смисла овој метал се користи само кога е потребна многу голема издржливост и цврстина.
На почетокот на 20-от век, осмиумот се користел како материјал за жаречките влакна во сијалиците. Со текот на времето, бидејќи ваквите нитки биле баеги дебели, се преминало на некои посуптилни метали.
Во светот нема многу наоѓалишта на осмиум, па дури и неговиот најголем извор, лежиштето Џезказган (во Казахстан), содржи скромни количини на овој метал.
Еден грам осмиум во моментов е за триесет пати поскап од грам злато. На Балканот, само неколкумина го поседуваат.