Демонстрантите кои учествуваат во протестниот марш кој започна на плоштадот „Македонија“ пристигнаа пред седиштето на македонската влада. Придружувани од две полициски возила, рутата од градскиот плоштад, преку Собранието и Градската болница, завршува пред Владата.
Се испратија повеќе пораки во насока на менување на системот. Од грлата на неколкуте илјади учесници низ улиците кои се дел од рутата, ечеше „Доста беше смрт“, „Системот е следен“, „Правда за жртвите“, „Сакаме безбедност“ како и „Убијци, убијци“.
Објектот на Владата е обезбеден со присуство на полицијата. Досега е мирно и без инциденти, а следи 16-минутен молк и неколку говори од учесниците во протестот.
Претходно, насобраните граѓани поминаа покрај Собранието и движејќи се покрај болницата „Свети Наум Охридски“ со аплауз им одаддоа признание на здравствените работници.
Собирот почна со триминутен молк и ѕвездено небо на плоштадот „Македонија“ каде им беше оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани.