Сутерен.мк

Кој е Христијан Пендиков?

Вистински хаос во Македонија и во Бугарија предизвика една обична тепачка во кафеана во Охрид, во која подебелиот крај го изеде Христијан Пендиков, 22-годишно момче, до вчера тврдокорен ВМРО-вец, а од неодамна благонадежен Бугарин, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ и лице со кривична пријава за препродавање на кокаин.
Излегоа секакви информации во јавноста и многу нелогичности.

Но, она што со сигурност може да се каже е дека Пендиков самиот го пријавил инцидентот во полиција каде неколку пати ја менувал изјавата околу тепачката. Со сигурност може да се каже и тоа дека во билтенот на МВР од 17 декември минатата година името на Пендиков се споменува како лице на кое му била поднесена кривична пријава за препродавање кокаин.

Официјално е и соопштението на Основното јавно обвинителство на Охрид декаво кафеаната на Пендиков еден од тепачите му рекол – „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил.
И покрај сето ова, случајот доби сосема други размери како дел од актуелните македонско-бугарски односи во кои етничката димензија добива главно место. И покрај сето ова македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за бугарска телевизија по посетата на Пендиков во софиската болница, вели дека повеќе им верува на изјавите на Пнедиков, а не на истрагата на МВР.

Инаку, истрагата за тоа дали тепачката била мотивирана од нерасчистени дилерски сметки или етнички мотиви сеуште трае. И самата полиција тврди дека во целиот случај има многу нејаснотии.

Додека трае истрагата, по социјалните мрежи излегоа бројни постови на Пендиков, од кои може да се заклучи дека е голем македонски патриот, борец против промената на името на Македонија и човек кој има посебен став кон Бугарија во однос на нејзините претензии во однос на македонскиот народ.
Пендиков на пример за Бугарија вели дека е Пиринска Македонија. Еве дел од неговите пораки на фејсбук:

Македонија цела да е!

Во Македонија се говори само македонски!

Слобода за „тврдокорните“!

Не дај Боже да имам бугарски пасош!

Друга татковина освен Македонија немаме!

Александров бил Македонец, а не Бугарин!

То не е Бугарија, то е Пиринска Македонија!

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *