Овен
Првиот пат со вас му е десет секунди максимум. Ама па е толку дрзок што одма потоа ќе рече: „Ок. Ајде од почеток.“ Е, кој почеток!? Оваа комплетна будала треба да се избегнува и да се избегнува…
Бик
Јаде пред да има секс. Јаде за време на секс. Јаде после секс. Тој е гладен. Не за секс. Сексот му е оправдување да нарача пица! Сексот е варијабила. Пицата е сигурност.
Близнаци
Сте виделе Близнаци да се сексаат без вклучен телевизор? Никој не видел де, аман, а и зошто би виделе? Зошто некој би сакал да гледа близнаци како се сексаат!? Бљак. Кому му текна бре на сценава? Кој го напиша ова? Кај е даљинското?
Рак
Овој па! Да се венча. Да се излигави. Па да му ја дувне. Ќе ја легне некоја што му „дала“ од сожалување, па ќе им раскаже на сите. Алапача.
Лав
Ела, ако ти држи, па кажи му дека не бил добар!? Има да те прогонува до седмо колено. Пиши му: „Најдобар си!“ и замини во вистинскиот живот. Остај го во блажено мислење за себе и биди раат. На џукели не им се објаснува.
Девица
Постелнината мириса на антибиотик. И после сексот мириса на антибиотик. Ништо не мириса како што треба. Параноја, а? Епа, параноја.
Вага
Абе, абе…. Абе… ок е… И тоа е ок… ако сакаш така… ОК. Ааа, не е ок… Ок. Тебе ок ти е? Ок тогаш. Ок? Ама, ако е ок, ок е…. Шо сеа? Ок или не е к? Ок… Да, да, ок. Ок…
Шкорпија
А да те одврзев, м?
Стрелец
Еј, ти, ноу нејм, не ми се јавувај, нема да ти се, заборај ме, аман што ми требаше ова? Демек, сите трчаат да му се јават!? Коркачи.
Јарец
Чист професионализам и за почит е: имаш или не визит – карта? Е, не – ќе дрндаме до стоиедна и назад….
Водолија
Нема посмотани. Никаде. Тие имаат само едно прашање после секс: „ А да пробаме голи?“
Риби
Најкомлицираниот хороскопски знак има наједноставно решение за секоја ненадејно комплицирана врска што може експресно да се појави на хоризонтот. Ќе праша само: „Како рече дека се викаш?“
Б.Д.Н.