Сутерен.мк

Кој, колку внимава на модата?

Вага

Иако личностите родени во овој знак тежнеат кон балансираност, нивните модни изданија се се, само не и здодевни. Сакаат да ги кршат правилата, но главно, бираат неутрални бои, наклонети се на класиката и секогаш знаат што ќе биде следно тренд во модата.

Јарец

Познати како одлични шефови, Јарците најчесто се облекуваат деловно. Сакаат гардероба која нема рок на траење, како витниџ модни додатоци или совршено палто кое се пренесува од генерација на генерација. Лесно ќе го препознаете овој хороскопски знак на улица. По гардеробата, секако.

Лав

Оваа листа секако дека не може без него! Затоа што облеката е уште еден начин да привлече внимание врз себе. Во неговиот плакар застапени се сите можни бои, но и светки, тантели, бисерчиња… Без разлика на приликата, секогаш се „скоцкани“ како за на црвен тепих.

Бик

Биковите без разлика на се, секогаш гласаат за удобност. Ним им е поважно да се чувствуваат пријатно, отколку да изгледаат така. Тренерки, лежерни фустани, памучни кошули… се нивниот редовен избор, но како ретко кој друг знак, знаат спектакуларно да изненадат. Особено на некоја голема веселба, како свадба на пример.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *