Сутерен.мк

Кралицата го „цивилизира“ својот син!

Кралицата му ги одзеде сите кралски и воени титули на принцот Ендрју поради тужбата што против него е поднесена од страна на Вирџинија Џуфре, жената која тврди дека ја злоставувал кога била малолетна!

Принцот веќе нема официјално да ја користи титулата Неговото кралско височество, а другите негови улоги ќе бидат расподелени меѓу другите членови на кралското семејство и нема да му бидат вратени.

Американскиот суд вчера ја отфрли жалбата на принцот Ендрју и против него сè уште е активно обвинението за сексуална злоупотреба на малолетничка. Тој беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврди дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

Во тужбата навела дека покојниот Џефри Епстајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со неговите пријатели, меѓу кои бил и принцот. Таа тврди дека Ендрју ја злоставувал и во куќата на Епстајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на Американските Девствени Острови. Таа додаде дека принцот Ендрју бил свесен дека таа во тоа време била малолетна.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *