Кралската резиденција, која служи како работна палата и приватен дом на Елизабета Втора е полна со скапоцена историја и тајни откако е изградена во 11 век. Покрај тоа што служеше како место за престој на кралското семејство таа била и тврдина, што значи дека има многу скриени премини, скривалишта…
Замокот Виндзор на британската кралица е стар девет века, има 484 илјади квадратни метри, илјада соби, тајни тунели што можат да се користат, ако сака да ги напушти своите одаи без никој да знае. Еден од нив е скриен под тепихот во една од канцелариите, поточно има врата која води до тунелот, а доволно е широк за да собере цела армија мажи.
Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон живеат во станот 1А во палатата Кенсингтон со нивните три деца, но и нивниот стан (од пет соби за прием, три главни спални соби, соблекувални, ноќна и дневна градинка и соби за персонал) има просторија за паника и таен тунел што некогаш наводно, го користеле принцот Вилијам и принцот Хари за да влезат во Мекдоналдс со нивната мајка, принцезата Дијана.
Инаку, откако ги помина последните две години во Виндзор, кралицата Елизабета одлучи дека тоа ќе стане нејзин постојан дом . Британските медиуми неодамна објавија дека шефот на британската монархија нема да се врати во Бакингемската палата во Лондон.