Сутерен.мк

Кремљ: Треба да се заштитат правата на косовските Срби

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека треба да се заштитат сите права на косовските Срби и дека Русија се залага за решавање на ситуацијата со дипломатски средства.

„Се залагаме за апсолутно почитување на сите права на косовските Срби и за исполнување на обврските кои страните ги преземаа по сите документи релевантни за оваа ситуација. Нам ни е најважно да се обезбедат интересите на Србите. Ги поддржуваме мирољубивите настојувања на страните и решение на ситуацијата по дипломатски пат“, кажа Песков во Москва.

Истакнувајќи дека е потребно да се смират тензиите, Песков кажа дека српскиот претседател Александар Вучиќ не барал поддршка од рускиот претседател Владимир Путин околу ситуацијата на Косово.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *