На овогодишните Оскари водителот Крис Рок се пошегува на сметка на губењето коса на Џејда Пинкет, сопругата на Вил Смит, после што Смит излезе на бината и му удри шлаканица на Рок.
Академијата заради овој инцидент, му забрани на Смит пристап на манифестацијата во наредните десет години.
По скандалот, Крис Рок рече: „леле, Вил Смит штотуку ме истепа“.
Еден ден по инцидентот, Вил Смит сфатил што направил и на водителот му упати порака со извинување.
„Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Не бев при себе и погрешив“, напиша Смит на Инстаграм.
Крис деновиве се огласи по повод целата ситуација, велејќи:
„Секој што ќе каже дека зборовите болат, никогаш не бил удрен во лице. Да, боли, но не сум жртва. Се ослободив од тоа срање и другиот ден отидов на работа. Не одам во болница поради исекотини од хартија“.