Процентот на жени иноватори од вкупниот број истражувачи што поднеле барање за патент бил највисок во Куба во 2021 година!
На глобално ниво, само 17 отсто од сите истражувачи што аплицирале за патент минатата година биле жени. Куба убедливо води со учество на жените од 53 отсто.
По неа следуваат Филипините со 38 отсто и Португалија со 34 отсто. Во Кина овој процент изнесува 24 отсто, а во САД 16 отсто. Во Велика Британија 14 отсто од иноваторите во 2021 биле жени, а во Германија 12 проценти.