Сутерен.мк

Култните детали од Шанел

Денеска се навршуваат 51 година од смртта на легендарната модна креаторка Коко Шанел, што е доволен повод да се потсетиме на две препознатливи „ситници“ со кои таа, покрај другото, ја обележа засекогаш женската мода!

Првите двобојни чевли создадени се во 1957 година и тие се едни од ретките обувки кои можат да се носат наутро, навечер, на коктел, на деловен ручек… и секогаш да изгледаат како совршено дополнение на целосниот изглед.

Овие шик чевли се креирани така што визуелно го скратуваат стапалото, а црниот врв служел за подолго да траат. Овој иконичен црно-беж модел го обожувал и Карл Лагерфелд за кој велел дека нема ништо помодерно во што стапалата изгледаат прекрасно.

Чантата 2.55 ја креирала Шанел во февруари 1955 година (оттаму и нејзиниот назив) и ја наменила за богатите жени, но била гломазна и не баш практична.

Коко одлучува да ја преправи штепуваната чанта, за да биде полесна за носење, но и на жените да им бидат слободни рацете кога присуствуваат на општествените случувања. Така, чантата добила и двоен синџир за да се носи преку рамото. (Дотогаш модните торби се носеле исклучиво во рака.)

Меѓутоа, украсот со препознатливото лого на оваа модна куќа – испреплетените букви СС е дело на Лагергфелд – до 1980 година, чантите имале правоаголна тока „мадмазел“. Освен ова, оригиналната Шанел чанта била во бордо боја, инспирирана од униформите што ги носеле Габриела Шанел и другите деца во сиропиталиштето каде што таа пораснала.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *