Сутерен.мк

Кучиња за мрзеливи

Булдог

Булдозите се сметаат за најмрзелива раса. Постојат два вида булдози, француски и англиски. Тие се разликуваат по големина, англиските булдози се малку поголеми од француските.

„Иако на оваа раса на кучиња и треба умерено вежбање за одржување на здрава тежина, тие се задоволни со неколку кратки прошетки во текот на денот и често едвај чекаат да се вратат дома за да се релаксираат“, вели ветеринарот Кортни Џексон.

Јазовичар

Експертот за домашни миленици Шенон Бун изјави за Best Life вели дека оваа раса е најлесна за одржување. Освен кусите прошетки, потребна им е минимална нега кога е во прашање негата на крзното.

Чивава

Поради малата градба, на чивавите не им требаат долги прошетки. Обично им е доволно да имаат помал простор во кој ќе се движат, поради што се идеален избор за живеење во стан. Затоа, не треба да ве чуди што сопствениците често ги носат во торбите додека се во град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *