Во брак сум повеќе од деценија, но забележувам (не ме прашувајте како) дека жена ми најчесто ги глуми оргазмите. Зошто?
Христо, 45
Христо дарлинг, затоа што сака едноставно, само да ве симне од дневниот ред. Жените честопати се нерасположени за секс (умор, немање време) и само ќе го „одработат“ водењето љубов, а бидејќи сакаат да го скратат целиот тој „мачен“ процес и притоа да не го повредат машкото его, ќе ви одглумат дека е „готово“.
Меѓутоа, некои истражувачи дошле до заклучок дека жените глумат оргазам и кога мажот го сметаат за одбоен (а од некоја причина ете, „заглавени“ се да живеат со него), кога мислат дека е бескорисен во креветот, кога се убедени дека мажите се себични во сексот, кога тоа го прават после кавга, кога партнерите не ја одржуваат потребната хигиена или (ретко) не се задоволни со величината на неговиот полов орган.
И сиот тој труд само за да се задржи мажот покрај себе, односно, што се вели, за мир во „куќата“. Сепак, не значи дека, ако нема оргазам, сексот не е пријатен. Не мора баш се што е убаво да има и медалја, нели!? Впрочем, некои глумат оргазам, а некои брак. Ете, доказ дека ние жените сме всушност, фините…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)