Компанијата „Ново Нордиск“ стана највредна во Европа по лансирањето на популарниот лек „вегови“, детронизирајќи го францускиот луксузен конгломерат ЛВМХ, под чиј капа се Луј Витон, Кристијан Диор, Тифани.
Акциите на компанијата пораснаа кога лекот за слабеење беше претставен на пазарот, а тој имаше берзанска вредност од 428 милијарди долари, пишува Би-Би-Си. Лекот „вегови“ сега е достапен во јавниот здравствен систем на Британија, а го има и на приватниот пазар.
Овој лек се користи во лекувањето на дебелината и се зема еднаш неделно, а луѓето кои го користат велат дека мислат дека веќе се сити, поради што јадат помалку и со тоа слабеат. Сепак, експертите предупредуваат дека тоа не е брз лек за вишокот килограми или замена за здрава исхрана и вежбање и дека студиите покажале дека корисниците често се враќаат на првобитната тежина по прекинот на терапијата.
Во Обединетото кралство, пациентите можат да добијат Вегови само ако се со прекумерна тежина и имаат здравствени проблеми поврзани со тежината.