Сутерен.мк

Лечењето на нормалните

Фејсбук с(р)еќавања…

Во едно црвено, вторнично утро доаѓаш до точката кога ти е јасно, дека собирањето искуство е бесполезно и не е никаква гаранција за мир и нема крајна цел, како такво.
Сфаќаш дека мирот не е вреден за она што го одбиваш…

Се лутиш по малку, зошто човек не се раѓа со вградена далекувидна рамнодушност?!
Се повеќе се препушташ на (не)милоста на секојдневието.
Всушност, вистината е дека јас многу се досадувам.
А некој умен писател потенцирал: “здодевноста е другото име на виталноста.”
Хм…

****

Self-help литературата денес е секуларна религија. Негативните животни состојби и расположенија станаа не проблематични, ами психопатолошки. Завладеа терор на позитивниот животен став.
Најобичните животни проблеми луѓето денес ги доживуваат како клинички ентитети. Се рашири митот дека психотерапевското – „работа на себе“, ги ослободува модерните луѓе од непотребните инхибиции, а всушност, само им дава алиби за неодговорноста кон блиските.
Накусо, популарната психологија не им се обраќа на личностите со пореметувања, туку ги „лечи“ нормалните!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *