Сутерен.мк

Личност на годината според „Тајм“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за личност на годината од страна на американскиот магазин на седми декември поради неговиот отпор кон руската инвазија на неговата земја.

„Овогодишниот избор беше најјасниот досега“, напиша во средата главниот уредник на “Тајм”, Едвард Фелсентал.

„Без разлика дали битката за Украина го исполнува човекот со надеж или страв, светот тргна во чекор со Володимир Зеленски во 2022 година“, рече тој.

Зеленски, кој беше комичар пред да стане политичар е избран за претседател на Украина во 2019 година.

Тој работи без прекин од почетокот на руската инвазија на 24 февруари за да го инспирира отпорот на неговата земја и да ја зајакне меѓународната поддршка за Украина.
Фелсентал истакна дека одлуката на Зеленски кога започна војната „да не бега од Киев, туку да остане и да собере поддршка – била судбоносна“.

„За докажувањето дека храброста може да биде заразна како стравот, за охрабрување на луѓето и земјите да се обединат во одбраната на слободата, за потсетување на светот на кревкоста на демократијата и мирот, Володимир Зеленски и духот на Украина се личности на магазинот ‘Тајм’ за 2022 година“, вели уредникот на “Тајм”.

Секоја година, речиси еден век, “Тајм” избира „личност на годината“, поединецот кој најмногу го променил светот во изминатите дванаесет месеци. Признанието почнало да се доделува во 1927 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *