Истражувачите откриле дека кога мажите се обидуваат да ја насмеат жената, таа е повеќе заинтересирана за нив романтично, но истото не важи и кога жените се обидуваат да бидат смешни.
Мажите често велат дека сакаат смешни девојки, но новото истражување на Универзитетот во Канзас покажува дека тоа не е баш така.
Истражувачите го потврдија првиот заклучок: колку повеќе шеги мажот ѝ кажува на жената дека е смешен, толку е поголема веројатноста таа да оствари физички контакт со него. Но, кога една жена кажала шега на која мажот се смее, тоа не ја зголемило шансата за врска.
Во серија експерименти, волонтерите беа замолени да ги проучат профилите на странци на Фејсбук и да ги оценат нивните квалитети. Потоа беа организирани низа слепи средби на кои партнерите разговараа по десет минути. Истражувачите подоцна ги анализирале разговорите и откриле дека кога мажите се обидувале да ја насмеат жената, таа била повеќе заинтересирана за нив романтично. Но, истото не беше точно кога жените се обидуваа да бидат духовити.
Научниците дошле до друг заклучок, дека жените хуморот го поврзуваат со екстровертност, а не со интелигенција. Претходно, претпоставката беше дека жените ги привлекуваат смешни мажи затоа што верувале дека таквите типови се поинтелигентни. Новата претпоставка е дека жените сакаат смешни мажи бидејќи мислат дека врската со нив ќе им биде позабавна и животот ќе им биде полесен.