Сутерен.мк

Македонија со најниска просечна плата

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе од јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика на Северна Македонија.

Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето-заработка по вработен во секторите: Јавна администрација и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 отсто), водоснабдување; канализација, управување со отпад и активности за рехабилитација (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 отсто).

Намалување на просечната месечна нето-заработка по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 отсто) и Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2024 година изнесувала 59.392 денари.

Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна СФРЈ со 1.477,34 евра просечна плата, додека Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра.
На второ место е Хрватска (1.239 евра), трета е Црна Гора со 819 евра, а две евра помалку е Србија, која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *