Сутерен.мк

Македонија со 685 евра има најниска просечна плата

Разликата во просечните плати во регионот и во Европската унија е значајна. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика на Македонија, просечната месечна исплатена нето-плата во октомври 2024 година изнесува 42.134 денари (685 евра), додека во Србија за истиот месец просечната плата е 98.538 динари (842 евра), што е за 157 евра повеќе.

Македонија заостанува и во однос на соседните земји, каде работниците заработуваат значително повеќе. Во Босна и Херцеговина просечната плата изнесува 720 евра, во Црна Гора 944 евра, во Хрватска 1.340 евра, а во Словенија 1.514 евра.

Во однос на претходниот месец, Македонија има зголемување на просечната плата, особено во секторите како што се дејности во врска со недвижен имот (7,5%), образование (5%) и градежништво (3,1%). Ова зголемување е резултат на покачувањето на минималната плата и зголемувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.

Просечната плата во Македонија во последните десет години пораснала за 94 отсто, од 21.717 денари во 2014 година на 42.134 денари (685 евра) во октомври 2024. Сепак, и со овој раст, Македонија и понатаму е на дното на европската скала по висина на платите. Европскиот просек изнесува 3.155 евра месечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *