Индонезија т.е. Бали ќе биде домаќин на шампионатот во еспорт, кој се одржува од први до 12 декември.
На првенството ќе се натпреваруваат повеќе од 600 играчи од 106 земји, а македонската еспорт репрезентација ќе се натпреварува во три дисциплини: Дота 2, eFootball и CS:GO.
Развојот на еспортот во 2022 година го доживува својот врв. На овој масовен настан, македонските репрезентативци учествуваат редовно уште од самиот негов почеток и остваруваат солидни резултати. Меѓу другото, нашите натпреварувачи успеаја да постанат двократни европски и актуелни светски прваци во CS:GO, така што очекувањата за нови успеси се возможни.
Првенството ќе биде пренесувано на тњитцх каналот на македонската еспорт федерација (www.twitch.tv/mesf_tv) каде сите љубители на еспортот и поддржувачи на македонските репрезентации ќе можат да ги следат дуелите и директно да ја изразат својата поддршка.
Резултатите ќе бидат објавувани на официјалната страна за следење на резултати од првенството wec.iesf.org/.