Сутерен.мк

Македонските пиперки не се безбедни за ЕУ

Вчера наутро бил испратен аларм преку електронскиот систем на ЕУ за предупредување за небезбедна храна. Граничната контрола била последната станица за пиперките, наместо хрватскиот пазар за каде што биле наменети.
Причината е отстапување од рамките на дозволеното ниво на хемикалии.

Станува збор за остатоци од пестицидот наречен форметанат. Отровен е доколку влезе во организмот по орален пат, делумно токсичен ако се вдишува, а може да биде штетен и при допир со кожа.

Случајот го потврдија и од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Но, податоците од системот на ЕУ покажуваат дека веќе се преземени мерки и производот е уништен. За овој случај денес пишуваат и хрватските медиуми.

Форметанатот е инсектицид кој и понатаму во многу земји се користи при производството на овошје и зеленчук. Но, регулативата на Европската унија го отфрла.

Ова не е првпат да се случи странските контроли да откријат токсични македонски производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *