Населението на Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Резултатите покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75.
Просечниот коефициент на интелигенција е објавен за речиси сите земји, при што вкупниот резултат е извлечен од збир на стандардизирани тестови или подтестови наменети за проценка на човечката интелигенција. При изработката на резултатите, во истражувањето се вклучени подтестови за проценка на знаењето по математика и природни науки, како и читање. Меѓу податоците кои се користат за изработката на просечниот коефициент на интелигенција, се и оние од меѓународното тестирање ПИСА.
Во европски рамки, највисоко според просечниот коефициент на интелигенција стојат жителите на Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија. Јапонците пак се најпаметни во целиот свет, со просечен IQ 106,48. По нив, следат жителите на Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1) и Јужна Кореја (102,35).
На самото дно според просечниот коефициент на интелигенција во светски рамки се наоѓа населението на Непал (42.99), Либерија и Сиера Леоне (45,07) и Гватемала (47,72).
Меѓу балканските земји, податоци за просечниот IQ на населението нема за Косово. Блиску до нас според коефициентот на интелигенција се Босанците (88,54), Турците (86,8) и Црногорците (85,78). Повисоко на листата се наоѓаат жителите на Србија (89,6), Грција (90,77), Бугарија (90,99) и Хрватска (95,75).