Холивудското здружение на странски новинари ги соопшти денеска имињата на номинираните за наградата Златен глобус, што се доделуваат за најдобри филмски и ТВ остварувања, а во најмногу категории – дури шест, се најде насловот на Дејвид Финчер „Манк“, во продукција на Нетфликс.
Филмот за Граѓанинот Кејн на 78-то доделување на Златните глобуси е номиниран во категориите: најдобра драма, најдобар актер (Гери Олдман), најдобар режисер, најдобра споредна актерка (Аманда Сифрид), најдобра музика и најдобро сценариот (Џек Финчер, таткото на Дејвид, кој го напишал пред својата смрт во 2003 година).
Доделувањето на наградите е закажано за 28 февруари во Лос Анџелес.