Сутерен.мк

Мантра за секој знак

Овен

Вредност

Следната година ќе ви донесе напредок на личен план, но и на банковната сметка. Како што вашите ресурси ќе се зголемуваат, така ќе ви расте и самодовербата. Ќе се прашувате на моменти дали заслужувате такви пресврти, но запомнете дека сте завредиле се.

Бик

Сјај

Подгответе се да блеснете. Многу труд имате вложено во претходната година и сеедно што мислите, тој не помина незабележано. Во 2023-та само запомнете дека она што ве дефинира не е вашиот успех, туку она што сте како личност.

Близнаци

Обнова

Годината што следи е период за да се одморите и опуштите. Јупитер патува низ вашето несвесно, давајќи ви простор да се повлечете и го негувате својот внатрешен свет. „Обидите“ одложете ги на некое време…

Рак

Чуда

Ќе оставате впечаток врз другите и заедницата во текот на целата 2023-та. Ќе имате мотивација и елан за да ги реализирате своите соништа. Чуда се случуваат, можат и вас да ве стрефат.

Лав

Успех

Годинава што е на почеток ви носи олеснување и во кариерата и во врските. Нештата ви изгледаа хаотични и ограничувачки изминатата година, но наскоро ќе почуствувате повеќе слобода за поврзување и ширење на влијание. Накусо кажано, ќед ви бидат дадени сите признанија што ги заслужувате.

Девица

Слобода

Секогаш се истакнувате со работливост, но минатата година беше особено предизвикувачка за вас. За среќа, тековнава ќе ви пружи слобода за истражувања. Опуштени сте и подготвени за летање.

Вага

Растење

Во 2023-та Јупитер ќе ве потсети колку напредувате со соработка и односот со партнерите. Иако напорно ќе работите и ќе бидете преокупирани со своето здравје, имате поддршка за да ги пребродите тешките времиња. Препознајте што е она, што ве прави особени.

Шкорпија

Љубов

Во 2022-ра вашиот имиџ и идентитет го добија посакуваниот облик. Сега сте подготвени да се поврзете со некој, кој ќе ви го смени животот на подобро. Нека 2023 –та ви биде година на љубовта.

Стрелец

Здравје

Планетата Јупитер поголемиот дел од годинава ќе го помине во вашето поле на здравјето и секојдневниот живот. Затоа, особено е битно добро да се погрижите за вашето тело и ум. Во 2023-та конечно, ќе пронајдете решенија/лек за вашите здравствени проблеми.

Јарец

Блаженство

Последните неколку години внимававте на парите и штедењето. Оваа што е веќе во тек, ќе ви пружи повторно многу забава. Сепак, поентата не е онака само да се препуштите на уживањето, туку да го пронајдете своето блаженство.

Водолија

Обнова

Минатата година бевте под огромен притисок да им излезете во пресрет на сите. За среќа, 2023-та ви овозможува да му се посветите на домот и удобноста со најблиските. Успехот доаѓа кога ќе си се вратите себе си и на своите корени.

Риби

Доверба

Зад вас се годините на чувство на изолација о неповрзаност со опкружувањето. Во оваа што е веќе во тек, ќе ги возобновите контактите. Пријатели, друштво,проекти… Вашата цел – собирање на луѓе околу себе – ќе биде исполнета.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *