Марк Закерберг ќе отпушти повеќе од 11 000 свои вработени, или 13 отсто од својата работна сила, во едно од најголемите технолошки отпуштања оваа година.
Неговата компанија Мета, која меѓу другото е сопственик на Фејсбук, се бори со зголемените трошоци и слабиот пазар на рекламирање.
Вакво големо отпуштање, прво во 18-годишната историја на Мета, следи по илјадници отпуштања во други големи технолошки компании, вклучувајќи ги Твитер и Мајкрософт во сопственост на Илон Маск.
Бумот на технолошките компании за време на пандемијата се претвори во крах оваа година, во која има највисоката инфлација во последните децении и брзо зголемување на каматните стапки.
Од компанијата „Мета“ соопштија дека на отпуштените работници ќе им исплатат 16 недели основна плата, со две дополнителни недели за секоја година стаж како дел од отпремнината и преостанатиот годишен одмор. Ќе им бидат исплатени и здравствените трошоци за шест месеци.
Акциите на компанијата, кои загубија повеќе од две третини од својата вредност, пораснаа за околу три отсто во последните денови.