Инжењерите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и од Универзитетот Харвард развиле заштитна маска со чија помош за деведесет минути може да се открие дали оној кој ја носи е заразен со коронавирусот.
Во маската се вградени еднократни сензори од внатрешната страна на маската (а можат да се вградат и во други маски за лице) и можат да ги откријат вирусните честитки во здивот.
Резултатите заради заштита на приватноста се покажуваат само на внатрешната страна на маската.
Развојот на овие сензори започнал пред неколку години и предтоа се користеле за откривање на инфекции со вирусите на ебола и зика.