Владата на Словачка денеска најави проект за тестирање на целото население за присуство на коронавирусот, што треба да се спроведе во текот на девет дена.
Тестирањето не е обврзно, но од 27 јануари доаѓањето на работното место ќе биде можно исклучиво со потврда за направен тест.
Овој потег е и за учениците следниот месец да можат да се вратат во училиштата и за да се намали притисокот врз здравствениот систем, но и за да се ублажат рестриктивните мерки.
Ковид – 19 до сега во Словачка одзеде 3 500 животи.