Пејачката Тејлор Свифт е меѓу најуспешните ѕвезди на денешницата, што по правило е и меѓу најбогатите луѓе во шоу-бизнисот.
Меѓутоа, ниту нејзината мачка не заостанува многу со заработените пари.
Оливија Бенсон (така се вика животинчето) е рангирана како трето најбогато домашно милениче на светот со проценета нето вредност од 97 милиони долари.
Оливија ги заработила парите (поточно, и ги донела на газдарицата) од Инстаграм реклами, учество во високо-буџетни реклами, модни додатоци за мачки, музички спотови…
Инаку, госпожа Бенсон е од расата Scottish fold, чија цена во Македонија е околу илјада евра за маченце.