Сутерен.мк

Машки работи за жените

Мажите сакаат да мислат за себе дека се тие кои ја завеле жената. Меѓутоа, понекогаш не е лошо да се заменат улогите и дамите да бидат тие кои мажот ќе го однесат во кревет, на сопствена иницијатива. Овој чин ќе им годи и на двајцата…

Сексот не е време за преголема љубезност, ниту срамежливост. (Особено не, за диплење на соблечената облека и внимавање што ќе се истутка.) Доколку нешто не ви одговара што вашиот љубовник прави во креветот, ќе си направите и себеси, а и нему услуга, ако го кажете тоа. Тој уште повеќе ќе биде благодарен, доколку му назначите што сакате и сте искрена со него.

Тешко е за верување, но да, понекогаш ни на мажите не им е до секс. Среќа, причината за тоа најчесто е умор така што, „проблемот“ никогаш не е во жената. Па дури, ни ако е бивша.

Нема маж кој не би се возбудил на било каква перверзија предложена од жена. Сепак, доколку сте поперверзна од него, „најавете“ му се суптилно претходно, да не се почуствува поразен во креветот.

Ретко на која дама и годи допирање на интимните делови од телото после оргазам. Епа, истото важи и за мажите. После сексот, оставете ги половите органи на мира.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *